ТРЕНЕРИ
tome
Томе Даневски
Меѓународен сертифициран фитнес персонален и групен тренер со IBFF лиценца

Од 1996 година, карате инструктор и основач на концептот за здрав живот – Izida Life – Предавач на семинари од областа на Фитнесот и Нутриционизмот, Одговорен инструктор и персонален тренер од комплетната област на фитнесот, изработка на програмски вежби за целосна функционалност на телото, покачување на енергијата и зголемување на телесната тежина, програми за слабеење и отстранување на вишокот килограми, изработка програми и совети за правилна исхрана и загарантирано остварување на зацртаните цели…

kristina
Кристина Петкова
Лиценциран персонален и тренер на групни активности

Кристина Петкова е дипломиран лаборант по медицинска дијагностика. Со аеробик и фитнес се занимава повеќе од 12 години, со хоби за велосипедизам.
Кристина е сертифициран персонален фитнес тренер со FIT BIZ Academy, веќе повеќе од 7 години интензивно работи на усовршување на техниките во фитнес вежбањето.
Во ПулсеФит специјализирана за водење на групни активности како spinning, full-body, cross fit, cardio aero.

Kristina Nikolova
Кристина Николова
Лиценциран персонален и тренер на групни активности

Меѓународен лиценциран фитнес тренер персонален и групен тренер со IBFF лиценца.
Дипломирана на економски факултет. Elite Model Look 2001 на Македонија. Одговорен инструктор за персонални програми за обликување на телото, градење мускулна маса и слабеење. Инструктор за групна активност Spinning.
Хоби велосипедизам.