AlphaSonic II – Премиум фотелји за масажа од германскиот бренд Касада
AlphaSonic II фотелјата за масажа е комбинација од state-of-the-art технологијата со тестиран и докажан квалитет,која ви нуди сосема нов начин да ја доживеете релаксацијата.. Новата апликација за аудио стимулација на мозокот (braintronics) ја прави холистичната релакс масажа уште полесна и поприфатлива од било кога. Затоа, опуштете сеи одморете се од секојдневните проблеми, и дозволете му на вашето тело и ум да се релаксираат.
![shower 1 (1)](https://pulse.mk/wp-content/uploads/2020/12/shower-1-1.png)
![casada 1](https://pulse.mk/wp-content/uploads/2020/12/casada-1.png)
BRAINTRONICS (АУДИО СТИМУЛАЦИЈА НА МОЗОЧНИТЕ ЌЕЛИИ)
Човечкиот мозок е комплексен орган кој се состои од милиони мали нервни клетки, наречени неврони. Секоја ќелија постојано произведува мали електрични импулси. Секоја мисла, секој звук и секој впечаток, сè се пренесува и комуницира преку тие мали електрични импулси. Тоа во суштина е јазикот на мозокот.
Збирот на тие импулси може да се детектира и да се направи дијаграм, на пр. со користење на ЕЕГ уредите. Испишана на графикон, оваа електрична активност формира модел сличен на бранови, уште познати и како мозочните бранови.
Со braintronics функцијата, која претставува комбинација на аудио стимулација и медитации со смирувачка масажа, овие мозочни бранови можат да се стимулираат со цел да се достигнат различни состојби на релаксација во мозокот. Без разлика дали сакате да ја подобрите вашата концентрација, или само да се релаксирате и да си причинете задоволство – сè е возможно со нашите фотелји за масажа.
Форма на буквата L
Оваа функција ви нуди целосна длабока масажа почнувајќи од вратот па се до задникот.
S- линија
Со оваа автоматска програма масажните глави работат многу блиску до вашето тело масирајќи го целиот грб од вратот па се до задникот. Механизмот на S-облик е дизајниран според природната анатомија на рбетниот столб.
Нула гравитација
Вие се ставате во позиција како астронаутите, или поточно го имате тоа чувство како да лебдите.
Прилагодливо перниче
Доколку е потребно, двојно перниче може да се постави за да се намали интензитетот на масажа во пределот на вратот и рамењата. Ротирачките глави за масажа можат да се движат во насока нагоре и надолу се додека не се добие удобна позицја на рамениот појас.
Акупресурни точки
Со оваа фотелја се врши масажа на клучните акупресурни точки сместени во пределот на бутот, листовите на нозете и зглобовите.
Музика
Опцијата музика ви овозможува дополнителна релаксација и забава
Bluetooth
Безжичен пренос на податоци.
Чувство како да Ве масира професионален масер
Специјално дизајнираните глави за масажа го имитираат движењето на рацете исто како што тоа го прави професионален масер. Максималниот простор за истегнување е на растојание од 6,5 cm, а максималниот агол на истегнување е 41 степен, така што механичките раце можат да направат ефективна масажа на човечкиот грб долж ‘рбетниот столб, на торакалниот прешлен и лумбалниот прешлен.
O2 Јонизатор
Загадениот воздух околу вас ќе биде неутрализиран и вие ќе можете да дишете прочистен воздух збогатен со кислород за време на вашата масажа.
USB приклучок
Додека се релаксирате, вградениот USB приклучок може да го снабди со електрична енергија, на пример, вашиот телефон.