ШТО Е FIT BIZ АКАДЕМИЈА
На глобално ниво, се зголемува потребата од инструктори кои се грижат за луѓето кои бараат помош за својот изглед и здравје. Оваа академија не само што ќе ви ја даде можноста да добиете меѓународно признат сертификат од IBFF, туку ќе ви помогне стекнете актуелно и применливо знаење од луѓе кои вложуваат многу љубов и енергија во фитнес и велнес на дневна база.
ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ НА FIT BIZ АКАДЕМИЈАТА
Темите што ги покриваме се:
- Визија за фитнес индустријата во наредните 5 години.
- Работа со повреди и специфични клиенти на кои им е потребна помош.
- Функционален Фитнес.
- Боди билдинг и фитнес.
- Основи на исхраната за рекреативци, професионалци и луѓе со желба за подобар изглед.
- Работа на интернет и со социјални медиуми.
- Создавање личен бренд и ефективна комуникација со потенцијалните клиенти.
Пријавете се на нашата академија која ке се одржи на 13ти, 20ти, 27ми (Септември) и 04ти Октомври.
Цената на истата е 400-евра и може да се плати на 2 рати.
Локацијата на одржување ќе биде во Pulse Fitness во Струмица.
За сите учесници ќе има можност да искористат организиран превоз од Скопје кој ќе тргнува секоја недела во 07:00 и назад ќе се враќа во 19:00.