2 Одделни Фински Сауни со хималајска сол
женска и машка
Просторијата и седиштата се направени од дрво, што дава мека, наместо неподнослива топлина и температурата може да се прилагоди.
Овие типови сауни најчесто се направени од ароматично дрво и во комбинација со алтернација со ладна вода се многу корисни за подобрување на тонот, циркулацијата на крвта и зајакнување на имунитетот. Ова доведува до ефикасна детоксикација и елиминација на мртвите клетки на кожата.
Кога температурата на нашето тело се зголемува, крвните садови се шират и циркулацијата на крвта се зголемува. Ова ги зајакнува природните процеси на лекување во нашето тело, ги смирува болките во зглобовите и истражувањата покажуваат дека ако користите сува сауна само 10 минути по тренингот, може многу да го забрзате закрепнувањето на вашето тело,
Комбинираната финака сауна со Хималајска сол делува детоксицирачки и антистресно на телото. Разликата со класичните сауни е во солените честички кои помагаат при регулирање и лекување на кожни и респираторни заболувања поради неговата голема содржина на корисни минерали како калциум, магнезиум и јод.