Специјални пакети за
Корпоративен фитнес за вработени од вашата компанија & Тeam Building работилници
Редовната физичка активност го подобрува општото здравје и расположение, го намалува стресот и ги зголемува менталните способности. Корпоративните фитнес програми можат да ги намалат трошоците на компанијата. Во пракса тоа значи помалку трошење, поголема заработка и брзо видливи резултати. Вработените кои се здрави и мотивирани се попродуктивни, поенергични, покреативни, посигурни и помалку отсутни од работа поради здравствени проблеми. Одржување на физичката кондиција влијае позитивно на целиот организам. Физичката кондиција исто така може да спречи или да лекува многу хронични здравствени услови предизвикани од нездрав живот и стареење.
Вежбањето исто така може да му помогне на луѓето да спијат подобро. За да останеш здрав важно е да се вклучиш во физичката активност. Корпоративниот фитнес на тој начин ја зголемува продуктивноста на вработените за повеќе од 40%! Најголемите светски компании го знаат тоа одамна, па вложуваат многу внимание и ресурси во здравјето и градењето на капацитетите на секој вработен преку корпоративните фитнес програми. Доколку сакате и да ја зголемите продуктивноста на вработените во вашата компанија, да ги подобрите меѓучовечките односи, да го намалите боледувањето на минимум и да изградите здрава и стимулативна работна средина КОРПОРАТИВНЕН ФИТНЕС е вистинското решение. Доколку сте заинтересирани за подобрување на вашата компанија, контактирајте не преку е-пошта. Ние ќе ја направиме најдобрата понуда за вас.
Ве молиме контактирајте не за повеќе информации за нашите пакети за корпоративен фитнес и работилници за Team Building