Запознајте ги СПА&РЕЛАКС ЗОНИТЕ ВО
PULSE FITNESS&SPA BY ATLANTIS

Освежете го вашето тело и ум во нашите Спа&Релакс Зони

Pulse Fitness&Spa by AtlantiS e најдобро опремен и простран лајфстајл фитнес клуб во земјата. Тука ќе уживате во широк спектар на врвни и модерни фитнес содржини, зони за релаксација и спа содржини што ќе го избришат заморот и ќе ја освежат секоја клетка во вашето тело.

2 Одделни Фински Сауни со хималајска сол – женска и машка

Финската сауна во комбинација со хималајски солен ѕид, позната и како сува сауна, ја загрева просторијата над 80 ° C со цел да предизвика интензивно потење.

Ароматерапија во сауна со билни ароми

Можност за термичка терапија со релаксирачки ароми. Пригушените светла во сауната и мирисите на цимет, лаванда, кедар, лотос, ментол и многу други на ваше барање можат да бидат достапни…

Функционални и модерни тушеви и соблекувални – женска и машка

После тренинг балансирајте го вашиот ум, дух и тело во нашите елегантни и функционални соблекувални и тушеви, дизајнирани со моќниот скапоцен камен Oникс кој Ви дава сила…

Релакс Зона

Опуштете се во нашата релакс зона збогатена со футуристички премиум фотелји за масажа.

Можете да го испиете вашиот комплементарен чај или кафе на нашата удобна софа или да се препуштите во релаксирачки разговор со вашиот партнер за вежбање или тренер. Наша препорака е да се релаксирате во фотелјите за масажа. Квалитет кој го заслужувате!

AlphaSonic II – Премиум фотелји за масажа од германскиот бренд Касада

AlphaSonic II фотелјата за масажа е комбинација од state-of-the-art технологијата со тестиран и докажан квалитет,која ви нуди сосема нов начин да ја доживеете релаксацијата…

Освежете се со In House Message

Продолжуваме со иновативните пристапи за постигнување добросостојба, висок морал и одлично здравје кај нашите членови.
Наша цел е да ги оддржиме нашите членови стимулирани и мотивирани како би се чувствувале среќни и здрави, а сето тоа доаѓа со помош на масажа. Масажата на стол е вистинскиот избор да го отстраните стресот и се препуштите во целосна физичка и ментална удобност. Масажата се фокусира на областите каде мускулите на грбот, вратот, рамената, рацете и дланките се напнати. Помага со заморот, болките и предизвикува релаксација која ќе Ви ја подобри мотивацијата, будноста и ќе Ви даде свежина и насмевка на вашето лице.

Митко Иванов – сертифициран професионален масер

Од најрана возраст со љубов и страст се занимава со масажи. Стекнат со повеќе меѓународни сертификати од кои сертификат за масер во козметички салон, сертификат за професионален масер за сите видови масажи: медицинско-терапевтска, класична , релакс, антицелулитна терапија, канцелариска масажа ,арома терапија, длабока масажа, спортска масажа. Добро познавање во фитнес индустријата и последиците кои доаѓаат со нив. Во ПулсеFит специјализиран за изведување на секакви видови масажи и третирање на секаков вид спортска повреда.