Pulse Кампови

Во соработка со нашите партнери се огранизираат најразлични PULSE кампови во Македонија и Бугарија

Една од многуте дополнителни активности обезбедени од Pulse Fitness & Spa се организираните кампови каде членовите на нашиот клуб заедно уживаат во спокојството на природата надвор од големите градови, забавните групни вежби, тимски игри, семинари и спа активности..
Обично камповите, или како што ги нарекуваме Pulse кампови, се одржуваат близу до нашите клубови во Банско, Свети Влас и Велинград, за да можат нашите членови да имаат корист од 5-звездената услуга, неверојатните спа-центри и професионалните тренери со која се  ја одликува Pulse Fitness & Spa.
Камповите вклучуваат организирани прошетки по природа или планинарење, групни вежби на отворено, здраво хранење по фитнес мени во детокс ресторани, велнес процедури, специјални часови по јога и медитација, разговори со познати лектори и многу други забавни и полезни активности.
На овој начин ги следиме глобалните трендови за „активен одмор“. Според нив, најефикасниот начин за справување со стресот во големиот град и токсините со кои се соочуваме секој ден е сосем да се оддалечиме од нашите дневни грижи во комбинација со движење, правилна исхрана и потрагата по внатрешен мир.

Затоа кампусите на Pulse Fitness & Spa се еден од белезите на клупското членство. Тие го отелотворуваат нашиот идеал за здраво и активно тело, поддржано од јасен и избалансиран ум.

Земете ја вербата во свои раце. Пријавете се за следниот камп и пулсирајте во ритамот на здравиот живот.