Yoga
Јогата е програма за гимнастика која става подеднакво голем фокус на телото и умот.
Типично за вежбите е желбата да се одржи телесната координација и духовната рамнотежа, без непотребно нагласување на интензитетот на изведбата. Самостојноста и одржувањето на рамнотежа ја зголемува мускулната сила и флексибилноста, ги зајакнува зглобовите и го подобрува кардиоваскуларниот систем. Во комбинација со различните техники на длабоко вдишување и издишување, овој физички напор доведува до затоплување на организмот одвнатре, со што помага да се извлечат вишок токсини и вода, да се подобри функцијата на лимфниот систем и да се олесни работата на органите.
Илија Даов
групен Јога тренер
имате прашања?
контактирајте не