ТРЕНЕРИ
viber_image_2023-02-03_16-56-16-801
Александар Јерамазов
Лиценциран персонален тренер.

Тригодишен државен шампион во категорија Men’s Physique на Државни првенства во бодибилдинг и фитнес.
Десетгодишно искуство во областа на бодибилдингот и фитнес, професионална изработка на комплетни програми за тренинг, исхрана и суплементација соодветни и персонализирани за секој поединец со највнимателна нега.
Експерт во областа на покачување на мускулна маса, намалување вишок телесни масти и килограми и припреми за натпреварување.

Kristina
Кристина Петкова
Лиценциран персонален и тренер на групни активности

Кристина Петкова е дипломиран лаборант по медицинска дијагностика. Со аеробик и фитнес се занимава повеќе од 12 години, со хоби за велосипедизам.
Кристина е сертифициран персонален фитнес тренер со FIT BIZ Academy, веќе повеќе од 7 години интензивно работи на усовршување на техниките во фитнес вежбањето.
Во ПулсеФит специјализирана за водење на групни активности како spinning, full-body, cross fit, cardio aero.