AlphaSonic II – Премиум фотелји за масажа од германскиот бренд Касада

AlphaSonic II фотелјата за масажа е комбинација од state-of-the-art технологијата со тестиран и докажан квалитет,која ви нуди сосема нов начин да ја доживеете релаксацијата.. Новата апликација за аудио стимулација на мозокот (braintronics) ја прави холистичната релакс масажа уште полесна и поприфатлива од било кога. Затоа, опуштете сеи одморете се од секојдневните проблеми, и дозволете му на вашето тело и ум да се релаксираат.

Нашите премиум фотељји поседуваат систем за релаксација на телото и умот
BRAINTRONICS (АУДИО СТИМУЛАЦИЈА НА МОЗОЧНИТЕ ЌЕЛИИ)

Човечкиот мозок е комплексен орган кој се состои од милиони мали нервни клетки, наречени неврони. Секоја ќелија постојано произведува мали електрични импулси. Секоја мисла, секој звук и секој впечаток, сè се пренесува и комуницира преку тие мали електрични импулси. Тоа во суштина е јазикот на мозокот.

Збирот на тие импулси може да се детектира и да се направи дијаграм, на пр. со користење на ЕЕГ уредите. Испишана на графикон, оваа електрична активност формира модел сличен на бранови, уште познати и како мозочните бранови.

Со braintronics функцијата, која претставува комбинација на аудио стимулација и медитации со смирувачка масажа, овие мозочни бранови можат да се стимулираат со цел да се достигнат различни состојби на релаксација во мозокот. Без разлика дали сакате да ја подобрите вашата концентрација, или само да се релаксирате и да си причинете задоволство – сè е возможно со нашите фотелји за масажа.

Шиацу
Шиацу (притисок на прстите) е вид на телесна терапија по потекло од Јапонија. Оваа
техниката на масажа се состои од нежни, ритмични, подлабоки истегнувања и ротации.
Целта на Шиацу техниката е да ги стимулира одредените делови на телото, но и во
истовреме да ги мобилизира мускулите.
2D масажа
Напредниот механизам за 2Dмасажа ѝ овозможува на фотелјата за масажа да го измеривашиот грб и да ја одреди точната позиција на деловите на 'рбетниот столб.
Техника гмечење
Кожата и мускулите се или стиснати и гмечени помеѓу палецот и показалецот или пак со помош на двете раце. Оваа техника на масажа воглавно се користи за да се ослободи напнатоста на телото.
Техника мавтање
Со оваа техника се стимулира циркулацијата во мускулите и се поттикнува протегање на тетивите со помош на лесно тапкање со раширени дланки, што во исто време овозможува намалување на напнатоста.
Техника тапкање (удирање со тупаници)
Краткотрајни тапкања се изведуваат со работ на раката, со дланката или со тупаница. Овој вид на техника ја подобрува циркулацијата на крвта во кожата и ги омекнува напнатите мускули. Доколку тапкањето (нежното удирањето со тупаници) се изведува во висина на белите дробови, може да го подобри ослободувањето на слузод истите.
Техника гмечење и мавтање
Масажа со комбинирана техника на гмечење и мавтање. Истегнување на грбот со техника тркалање Целта на овој вид техника на истегнуваање е да го активира телото, а во истовреме има возбудлив ефект врз целото тело.
Техника тркалање
Техниката тркалање овозможува пријатна промена помеѓу релаксација и ослободување
на напнатата мускулатура и затоа има особено смирувачки и релаксирачки ефект. Оваа
техника честопати се користи како завршен дел од масажата, погодна за релаксација и
обнова на мускулите.
Загревање со јаглеродна инфрацрвена топлина
Јаглеродната инфрацрвена топлина длабински продира во телото, ги проширува крвните садови, го зголемува протокот на крв во организмот и го намалува тонусот на мускулите. Освен тоа, таа топлина има многу корисен ефект врз нервните клетки кои се одговорни за пренос на болка до мозокот.
GuaSha
Стружењето со лесен притисок ги проширува ѕидовите на крвните садови и ја стимулира циркулацијата на крвта. GuaSha честопати се користи во комбинација со акупресура за да се испратат дополнителни стимули преку така наречените "Шу Точки", што води до дополнително ослободување од болките и непријатноста.
Воздушна компресија
Ослободувањето на воздушните перничиња предизвикува движење кое создава
природни мускулни рефлекси. Ова е особено корисно и смирувачки за пределот на
листовите на нозете и стапалата.

Форма на буквата L
Оваа функција ви нуди целосна длабока масажа почнувајќи од вратот па се до задникот.

S- линија
Со оваа автоматска програма масажните глави работат многу блиску до вашето тело масирајќи го целиот грб од вратот па се до задникот. Механизмот на S-облик е дизајниран според природната анатомија на рбетниот столб.

Нула гравитација
Вие се ставате во позиција како астронаутите, или поточно го имате тоа чувство како да лебдите.

Прилагодливо перниче
Доколку е потребно, двојно перниче може да се постави за да се намали интензитетот на масажа во пределот на вратот и рамењата. Ротирачките глави за масажа можат да се движат во насока нагоре и надолу се додека не се добие удобна позицја на рамениот појас.

Акупресурни точки
Со оваа фотелја се врши масажа на клучните акупресурни точки сместени во пределот на бутот, листовите на нозете и зглобовите.

Музика
Опцијата музика ви овозможува дополнителна релаксација и забава

Bluetooth
Безжичен пренос на податоци.

Чувство како да Ве масира професионален масер
Специјално дизајнираните глави за масажа го имитираат движењето на рацете исто како што тоа го прави професионален масер. Максималниот простор за истегнување е на растојание од 6,5 cm, а максималниот агол на истегнување е 41 степен, така што механичките раце можат да направат ефективна масажа на човечкиот грб долж ‘рбетниот столб, на торакалниот прешлен и лумбалниот прешлен.

O2 Јонизатор
Загадениот воздух околу вас ќе биде неутрализиран и вие ќе можете да дишете прочистен воздух збогатен со кислород за време на вашата масажа.

USB приклучок
Додека се релаксирате, вградениот USB приклучок може да го снабди со електрична енергија, на пример, вашиот телефон.