ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО

PULSE FITNESS

Иновативен. Трендовски. Ултрамодерен. Незаменлив.

Pulse Fitness & Spa не е само просторија за вежбање. Pulse се единствени од ваков вид лајфстајл клубови кај нас – места каде ние, заедно со членовите на клубот, ја делиме нашата заедничка визија за исполнет живот.

  • Објект изгрaдени сo нaјнoви и нaјквaлитетни мaтеријaли и технoлoгии;
  • Ултрaмoдерен дизaјн;
  • Инoвaции вo oблaстa нa фитнесoт и здрaвиoт живoт (Wexer Virtual Trainer-oгрoмен плaзмa екрaн нa кoи се пoкaжувaaт упaтствa зa изведувaње нa групни aктивнoсти oд нaјдoбрите светски тренери);
  • Десет зoнскa климaтизaцијa/вентилaцијa упрaвувaнa сo нaјсoвременa aвтoмaтикa
  • мерење нa темперaтурaтa вo 34 тoчки вo oбјектoт зa целoсен кoмфoрт;
  • Гaрaнтирaн квaлитет нa вoздухoт сo мерење нa кoнцентрaцијaтa нa CO2 вo 8 тoчки;
  • Мерење на температура во 34 точки за обезбедување на комфортна температура во објектот
  • Висока доверливост на системот за климатизација обезбеден со преку 100 вградени сензори
  • 24h мониторинг на климатизацијата од страна на персоналот и технички екипи со далечинска дијагностика и контрола
  • врвнo oзвучувaње зa целoснo дoживувaње;
визија

Нашата визија е да го промениме обликот на спортување кај нас. За нас ова не е активност својствена само на најпосветените, туку дел од современиот живот за кој секој може да си пронајде волја и сила.

Времето поминато во Pulse Fitness & Spa е време поминато во грижа за себе. Станува начин на живот затоа што е забавно, корисно и значајно.

Лајфстајл клубот истовремено е и прибежиште од стресот и дом каде секој може да најде поддршка за своите цели и соништа. Можеби тоа е губење телесна тежина или зајакнување на телото, правилно хранење и медитација, или можеби само релаксација во топлиот базен или разговори со пријатели за време на пауза од интензивниот групен тренинг.

Вашиот избор за развој е неприкосновен. Нашата улога е да сториме сé што можеме за да се осеќате лесно и пријатно.

мисија

Нашата мисија не е само да бидеме „најдобри“ затоа што знаеме дека дури и најуспешните спортисти порано или подоцна се заменети со други. Нашите клубови не целат да се најмногубројни, ниту пак нашиот тренинг да е најисцрпувачки.

Нашата реална цел е многу поедноставна – да направиме сè повеќе Македонци да се движат активно. Тажната статистика покажува дека само 9% од нас вежбаат редовно, а времето што го посветуваат на активно движење не е повеќе од 2 часа неделно.

Ние сакаме да го промениме токму тоа.

За таа цел, нудиме невиден спектар на услуги за Македонија – од целосно покривање на градовите со врвни клубови од највисока класа до тренинг сесии со најквалификувани лични тренери и најголем спектар на групни активности во земјата.

Во исто време сфаќаме дека дури ова може да се покаже и недоволно за луѓе кои никогаш не се занимавале со спорт. Затоа нудиме сè што човек може да посака во секојдневниот живот – спа зони, базени, солариуми, специјализирани фитнес ресторани, детски игралишта, продавници за спортска опрема и додатоци на храна(суплементи), бесплатни семинари и социјални настани.

Веруваме дека единствениот начин да се поттикнат повеќе Македонци да тренираат активно не е да им се скратат дневните удобности на кои се навикнати, туку напротив, со нивно обезбедување во најдобар квалитет – лесно, брзо и достапно.

Работиме по концепт и процедури од нашите партнери во Бугарија кој се со:
0
Фитнес клубови
0
Фитнес тренери
0
Фитнес уреди
0
Групни тренинзи