2 Одделни Фински Сауни со хималајска сол
женска и машка

Финската сауна во комбинација со хималајски солен ѕид, позната и како сува сауна, ја загрева просторијата над 80 ° C со цел да предизвика интензивно потење.

Просторијата и седиштата се направени од дрво, што дава мека, наместо неподнослива топлина и температурата може да се прилагоди.

Промотивни пакети:

*Месечна карта сауна 1000 мкд
*Дневна карта сауна 200 мкд
*Дневна карта фитнес, масажа и сауна 400 мкд
*Дневна карта фитнес и сауна 300 мкд

Овие типови сауни најчесто се направени од ароматично дрво и во комбинација со алтернација со ладна вода се многу корисни за подобрување на тонот, циркулацијата на крвта и зајакнување на имунитетот. Ова доведува до ефикасна детоксикација и елиминација на мртвите клетки на кожата.

Кога температурата на нашето тело се зголемува, крвните садови се шират и циркулацијата на крвта се зголемува. Ова ги зајакнува природните процеси на лекување во нашето тело, ги смирува болките во зглобовите и истражувањата покажуваат дека ако користите сува сауна само 10 минути по тренингот, може многу да го забрзате закрепнувањето на вашето тело,

Благодарение на Хималајскиот солен ѕид воздухот е сув и заситен со негативни јони. Високата температура го подобрува пристапот на крвта до сите делови на телото, а јоните во воздухот ги релаксираат мускулите и ги релаксираат грчевите.

Комбинираната финака сауна со Хималајска сол делува детоксицирачки и антистресно на телото. Разликата со класичните сауни е во солените честички кои помагаат при регулирање и лекување на кожни и респираторни заболувања поради неговата голема содржина на корисни минерали како калциум, магнезиум и јод.